Казни за четворица затворски полицајци на кои затвореник им избега од болница сосе шраф во колкот

Затворот во Штип Фото: МИА

Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со шраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани се до донесување на правосилна одлука.

Директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров, рече дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка.

– Против двајца затворски полицајци за бегство кое се случи од КБ Штип каде по претходно закажан операциски зафат осуденото лице неколку дена беше на болничко лекување се водат две дисциплински постапки. Припадниците против кого е поднесена дисциплинската постапка се суспендирани се до донесување на правосилна одлука, вели Тодоров.

Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци, кои непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа, а истото го потврди и директорот Тодоров.

-Секое неправилно работење и непочитување на работните обврски носи дисциплинска одговорност. За повреда на службена должност припадникот на затворска полиција одговара дисциплински. Во моментот во КПУ Затвот Штип се водат две одделни дисциплински постапки. Првата е за непристојно однесување на припадникот на затворска полиција при вршење на работа и работни задачи, а втората е за не извршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење извршување на работните задачи, вели Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот