Казни за 61 лице за неносење заштитни маски во Велес

Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатото деноноќие за непочитување на уредбата за носење лична заштита – заштитна маска, на подрачјето на СВР – Велес казнети се вкупно 61 лица, и тоа 33 во Велес, 21 во Кавадарци и седум во Неготино. 

Портпаролот на СВР – Велес, Верољуб Додевски апелира до граѓаните да носат заштитни маски за заштита на уста и нос, со цел да го заштитат сопствено и здравјето на останатите граѓани од ширењето на епидемијата на Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот