Казни за 23 мотоциклисти за изминатите шест месеци

Полиција / Фото: МИА

За шестмесечниот период од септември 2020 година до 29 март 2021 година според евиденцијата во СВР Тетово вкупно се казнети 23 мотоциклисти кои направиле различни видови сообраќајни прекршоци.

Најголемиот број од нив – девет се казнети затоа што не носеле заштитен шлем, односно кацига, девет управувале без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, а тројца  управувале нерегистрирани мотоцикли и друго. Меѓу прекршителите двајца биле малолетници.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. На мотоциклистите им се советува, исто така, навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли, да ја проверат техничката исправност на истите, да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и да бидат крајно внимателни кога се движат, посебно по пофрекфрентните улици во Тетово и Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од полицијата предупредуваат дека доколку не се придржуваат мотоциклистите до апелите и укажувања, тие ќе се соочат со поднесоци и глоби, кои зависно од видот на прекршокот се движат од  50 евра за неносење опрема како и до 500 евра во денарска противвредност за нерегистриран мотоцикл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот