Казни за 207 несовесни возачи во Скопје, од кои 24 управувале без возачка

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 мерки за неносење на  заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот