Казни во Пефохори за оние кои оставаат предмети на плажа за да си чуваат место

Плажа во Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, грчки, англиски, српски и македонски, преку социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, а во спротивно предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалниот совет на заедницата Пефкохори, преку објавениот пост на Фејсбук потсетува дека сите оставени предмети ќе бидат одземени, а на туристите ќе им се вратат, откако ќе ја платат казната.

„Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната“, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.

На популарната туристичка дестинација на првиот крак на Халкидики, според локалните медиуми, во изминатите години создавала проблеми праксата на туристите да оставаат чадори, пешкири, душеци и други лични предмети со цел да имаат обезбеден простор на плажата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот