Казни против четири лица за прекршување на полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Струшкото обвинителство покрена постапка против четири лица за непочитување заради „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Струшкото обвинителство покрена постапка против четири лица за непочитување заради „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

– Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот и околината, појаснуваат од ОЈО Струга.

За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за едно лице од по 30 евра во денарска противвредност, за друг обвинет од по 40 евра во денарска противвредност, а за двајца од обвинетите од по  50 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот