Казни од 135 до 375 евра за недозволено излегување од дома во Франција

Фото: МИА

Излегувањето од дома од вера е ограничено за Французите кои треба да имаат вистински причини за да го напуштат домот, а се со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Портпаролот на владата Сибет Ндиајн предупреди дека казните ќе бидат изречени „многу брзо” за спроведување на регулативите за борба против ширењето на коронавирусот. Најпрво со објавувањето во Службениот весник оваа среда на указот со кој се утврдуваа фиксна казна од 135 евра што може да се зголеми на 375 евра во случај на неовластено излегување.

Лицата се изложуваат на овие казни кога излегуваат од друга причина, освен оние предвидени со указот, издаден во понеделникот, со кој се забранува какво било движење надвор од нивниот дом, освен во специфични случаи (професионално патување, здравствени или семејни причини, физичка активност, купување на основни прозиводи).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот