Казни и до 50.000 евра со Законот за заштита на население

Фото: МИА

Поради коронавирусот конечно пред пратениците ќе се најде новиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести со кој се доуредуваат изолацијата, здравствениот надзор, карантинот, превoзот и задолжителното лекување.

Предвидено е и ревидирање на прекршочните одредби на Законот за заштита на населението од заразни болести во согласност со Законот за прекршоци. Па, така измените се во врска со инспекцискиот надзор над примената на мерките во вршење на угостителска дејност и тоа во делот заштитата при работа, особено на производствените капацитети. Се прецизираат и условите за превоз во патници.

Глобите се парични или изрекување на мерка за забрана за вршење на дејноста во траење од 10 до 30 дена. Па така тие се движат од 250 до 50.000 евра за институции.

Доколку мерките не ги почитуваат микро правни лица глобите се во висина од „500 до 1000 евра, малите правни лица ќе платат казна од 500 до 2000 евра, за средните правни лица ќе платат од 1000 до 6000 евра и од 1000 до 10000 евра се предвидени глоби за големи правни лица.

Многу повисоки казни се предвивдени за трговците кои нема да ги почитуваат здравстените мерки.

Па така е предвидено микро трговец да плати глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра, мал трговец ќе плати глоба во износ од 5.500 до 6.000 евра, глоба во износ од 17.500 до 18.000 евра доколку не ги почитува препораките ќе плати среден трговец, и глоба во износ од 25.000 до 30.000 евра се казните за големите трговеци. И за трговци поединци е предвидено казна за прекршок од 250 евра.

Највисоките казни до 50.000 евра ќе биде изречена за прекршок на лабораторија што нема да пријави причинител а може да биде изречена и прекршочна санкција – привремена забрана за вршење на дејност на микробиолошка лабораторија.

Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службеното лице во Министерството за здравство кое нема да издаде одобрение за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Со законските измени може да биде забрането:

-собирање на лица во училишта, кина, театри, јавни локали и други јавни места, додека трае опасноста од епидемија;

-работа на правни и физички лица кои не ги исполнуваат пропишаните услови за вршење на лабораториско испитување, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, до исполнување на тие услови;

-забрани дејност во објект кој претставува непосредна опаснот за ширење на заразни болести или епидемија

Со измените се доуредува и областа во насока на предвидување на здравствени установи во кои ќе се лекуваат лицата заболени од оваа заразна болест, како и нови поголеми овластувања за надлежните инспекциски служби да вршат инспекциски надзор над мерките.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе се носи по скратена постапка. Власта смета дека законските измени ќе поминат во првото читање бидејќи има обезбедсено 61 глас и дека со нив ќе се обезбеди поголема заштита од Ковид 19, Опозицијата смета дека ваквите закониски измени се несуштински. Тие бараат формирање на нова Државна здравствената комисија која за своите одлуки ќе биде одговорна пред Собранието. Предлогот е на ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржанк од Левица и коалицијата Алијанса и Алтернатива.

Собранската Законодавно-правната комисија го утврдува пречистениот текст на Законот за заштита на населението од заразни болести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот