Казнети за непочитување на мерката за забрана за групирање: Албанскиот претседател Мета и сопругата ќе платат по 80 евра

Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, се парично казнети за непочитување на забраната за групирање на повеќе од 10 лица.

Тие присуствувале на роденденската забава на познатиот албански актер Бес Калаку (35), организирана во угостителски објект во селото Лакна, општина Колоња.

Сопругата на албанскиот претседател Мета фатена без маска: Казната нека ја пратат кај Илир или кај мајка ми

Казна доби и градоначалникот на Колоња, Ерион Исаи, кој присуствувал на забавата, како и останатите триесеттина гости.

Присутните се казнети по 80 евра додека сопственикот на угостителскиот објект со милион леки или над 8.100 евра.

Ова не е прв случај Круемади да добие казна за непочитување на мерките за спречување на ширење на пандемијата. Претходно на двапати беше казнета за неносење маска на отворен простор, со 25 односно 40 евра.

Инаку, роденденот на актерот скапо ги чинело и шестмина полициски службеници кои се суспендирани поради тоа што не влегле во ресторанот за да контролираат. Сите казни се изречени врз основа на снимки.

Сопругата на албанскиот претседател повторно казнета за неносење заштина маска, сега со 40 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот