Казнети над 200 возачи изминатата ноќ во Скопје

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Откриени и санкционирани повеќе од 200 возачи кои ја пречекориле брзината на движење или возеле под дејство на алкохол, во акциска контрола во текот на изминатата ноќ во периодот од 22.00 до 04.00 часот на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што информира МВР, притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни, а откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот