Казнети 99 возачи за непрописно паркирање

Паркирање на велосипедска патека
фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила шест возачи кои  управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторни возила, тројца возачи почетници и 18 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 99 казни, а со специјалното возило „пајак” се  подигнати 61 возило.

Казнети се и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 30 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот