Казнети 689 возачи за брзо возење

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицијата во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.

-Од нив, 45 се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот