Казнети 65 возачи за брзо возење

Сообраќајци / Фото: Архива

На подрачјето на Скопје вчера се случиле осум сообраќајни несреќи, од кои во четири со полесни повреди се стекнале пет лица. Во останатите четири сообраќајки е утврдена само материјална штетата.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила 65 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Четиринаесет возачи се исклучени од сообраќај, од кои еден заради управување со возило под дејство на алкохол, а 13 управувале возило пред да се стекнат со право за тоа. Затекнати се и 18 нерегистрирани возила кои исто така биле исклучени од сообраќај.

Преземени се и мерки кон 24 возачи за неносење сигурносен појас, против 18 возачи за користење мобилен телефон при упрваување со возилото, по три возачи за неправилно престигнување и за недавање првенство на минување и против осум лица за некористење заштитен шлем при управување со мотоцикли. Еден возач е казнет бидејќи поминал на црвено светло на крстосница. За непрописно паркирање биле издадени 77 казни, а пајакот подигнал 57 возила. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот