Казнети 528 возачи во Скопје, од кои 85 не носеле сигурносен појас

Фото: Слободен печат

Вкупно 528 санкции се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР.

Од МВР денеска информираа дека за возење без возачка дозвола казнети се 56 лица, изречени се 56 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест се санкционирани мотоциклисти, додека 85 санкции за некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење.

– Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 83 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот