Казнети 51 возач за пребрзо возење во Битола

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник) поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15 часот утре до 22 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп–Кривогаштани–Крушево–Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево–место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен – информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот