Казнети 19 пијани возачи и 34 за пречекорување на брзината

Поради пречекорена брзина на движење со моторно возило, полицијата санкционирала 34 возачи на подрачјето на Скопје во акциската контрола спроведена од Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера од 6 до 24 часот.

Откриени се и 42 останати прекршока за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Во контрола за откривање пијани возачи, пак, од синоќа во 22 часот  до 5 часот утрово  на подрачјето на Скопје биле санкционирани19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол.

Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

Од 14 до 24 часот вчера се санкционирани и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот