Казнети 146 возачи во Скопје, 25 за возење без дозвола

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возач почетник.

Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 42 санкции за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот