Казна за полицајците кои употребувале прекумрена сила на протестите против Путин

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

За време на собирите, полицијата приведе вкупно 2.000 луѓе.

За вработените во Националната гарда и полицијата за кои е утврдено дека ги надминале своите овластувања за време на собирите во Москва минатото лето се преземени мерки, а некои од нив се и казнети, изјави Виктор Бондарев од Одборот за одбрана и безбедност на Русија.

– Не велам дека сите акции на полицајците биле 100 отсто класификувани како смирување на немири. Имало случаи кога офицерите користеле прекумерна сила. Преземавме големи мерки: Многу се соочија со дисциплински казни или се отпуштени од полицијата – рече Бондарев.

Тој додаде дека, генерално, акциите на Националната гарда и полицијата за време на собирите во 2019 година се сметани за „адекватни за настани кои се случувале и за заканата која ја претставувале“.

На 27 јули и на 3 август во Москва се оддржаа собири, кои инаку полицијата не ги дозволи, а откако на неазависните кандидати не им беше дозволено да учестуваат на изборите за московската Градска Дума.

За време на собирите, полицијата приведе вкупно 2.000 луѓе.

Органите за спроведување на законот тврдеа дека демонстрантите користеле насилство над припадниците на полицијата и Националната гарда.

Истражниот комитет започна кривична постапка против повеќе од 20 лица поради обвиненија за нереди и насилство над властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот