Казна за ексдиректорот на најголемата термоелектрана во Словенија: Осуден условно на 10 месеци затвор

Основниот суд во Целје го осуди на условна казна од 10 месеци затвор, поранешниот директор на термоелектраната „Шоштањ” Урош Ротник.

Судијата го прогласи за виновен поради малверзација со имотни документи со цел да ја отежне работата на финансиската полиција, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Обвинителството бараше ефективна затворска казна од 18 месеци. Обвинителот Матеј Оштир кажа дека тие не се задоволни од пресудата и поради тоа ќе поднесат жалба.

Тој смета дека поранешниот директор за делото кое го направил треба да добие затворска казна, а условната која ја изрече судот не била вистинска порака до јавноста која барала правда.

Инаку, ова е само една од повеќето тужби против поранешното раководство на термоелектраната „Шоштаљ”. Токму против Урош Ротник има судски процес за затајување на данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот