Казна од 50 милиони евра за „Гугл“ за кршење на правилата за заштита на личните податоци

Фото: Thinkstock

Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) воведена е со цел да се заштитат личните податоци и предвидени се строги казни ако компаниите изгубат контрола над податоците или пак ги обработуваат без согласност на клиентот.

Европските регулатори од средината на 2018 година изрекле парични казни во вкупен износ 114 милиони евра поради кршење на прописите за заштита на личните податоци.

Највисока поединечна казна од 50 милиони евра изрече Франција за Гугл. Додека највисока поединечна казна предложи британскиот регулатор од 183 милиони фунти за авиокомпанијата „Бритиш ервејз” поради кражба на личните податоци на половина милиони клиенти.

Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) воведена е со цел да се заштитат личните податоци и предвидени се строги казни ако компаниите изгубат контрола над податоците или пак ги обработуваат без согласност на клиентот.

Регулаторите теоретски можат да казнат компанија со два до четири отсто од нејзините глобални приходи, но во пракса се докажа дека високите казни „не проаѓаат” на суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот