Казината и автомат клубовите ќе ги задржат сите вработени

Денеска предвремено се уплатени сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, се вели во денешното соопштение на Фрупацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК..

Вработените воопшто не треба да се грижат за своите работни места, за задржување на секој вработен ќе се бориме до крајот на кризата, се вели во денешното соопштение од Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК кои за своите потреби имаат ангажирано 2.000 лица.

Во соопштија се додава и дека денеска предвремено се уплатени сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, сé со цел да се излезе во пресрет во оваа кризна ситуација.

– Во овие тешки времиња, бевме меѓу првите кои не се двоумеа да одговорат на апелот на Владата. Казино Фламинго Хотел-Гевгелија го стави целосно на располагање на државата со сите свои ресурси, со 17 апартмани и 42 соби, од кои една за лица со посебни потреби, кој веќе се користи како место за изолација или карантин според сите највисоки епидемиолошки стандарди, дониравме 2.000 кг. храна и понудивме подготвување на 1500 оброци на ден. Веруваме дека со овој наш потег директно ѝ помагаме на државата во борбата со справувањето со тешките последици од кризата од пандемијата со вирусот Ковид-19, нагласија од Групација НОВОМАТИК и АПЕКС МК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот