Кажете им на облаците, Битола умира! – Герила на „Поинаку“ од Битола на црвениот ќилим на „Браќа Манаки“

„Во духот на годинешниот Манаки фестивал и неговото официјално лого tell the clouds, вчера вечер во Битола на црвениот тепих, а и низ градот Битолчани ја дополнија пораката. Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот граѓански активисти порачаа:
Tell the clouds Bitola is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!

Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да живее и Битолчани да дишат чист воздух!“

Со пораката „Tell the clouds Bitolа is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!“ на своите маички, членови на независното граѓанско здружение „Поинаку“ продефилираа на отварањето на 40. јубилејно издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаќи“ во Битола. Од здружението го направија и овој постер како пандан на официјалниот постер и мотото на овогодинешното издание на фестивалот „Tell the clouds“ (Кажи им на облаците).

„Поинаку“ претставува граѓанско здружение кое на последните локални избори излезе самостојно и освои два советници во советот на Општина Битола. Ова не е прва герила на „Поинаку“, од здружението лани во септември од смет ги исчистија помошните објекти на Офицерскиот дом, а потоа имаа и други герила акции за подигање на свеста за хигиената на Битола, како и отворено писмо во кое ги искажаа своите барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот