Каземиро за триумф на Реал, „магична“ асистенција на Јовиќ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Бразилецот со своите нови два голови го врати „кралскиот“ клуб на врвот, а Барселона ќе има шанса в недела да се израмни со мадридскиот гигант.

Два голови на Каземиро му донесоа победа на Реал против Севиља (2:1) во рамките од 20. коло и враќање на врвот на табелата во шпанскиот фудбалски шампионат.

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ асистираше во првиот погодок на мадридскиот гигант. Барселона в недела ќе игра против Гранада и има можност да израмни повторно со „кралскиот“ клуб.

Во првото полувреме на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ немаше голови, но во вториот дел Каземиро ги донесе трите бода.

Бразилецот стрелаше во 57. минута, па израмнија гостите преку Лука де Јонг (64.), а пет минути подоцна конечниот епилог го постави Каземиро.

Во првиот меч од саботната програма Алавес како гости беше подобар од Леванте (0:1) во чии редови македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 55. минута како замена за Г. Мелеро.

Ла Лига, 20. коло

Петок: Легањес – Хетафе 0:3

Сабота: Леванте – Алавес 0:1, Реал Мадрид – Севиља 2:1

18.30 Осасуна – Ваљадолид
21.00 Еибар – Атлетико Мадрид

Недела:

12.00 Мајорка – Валенсија
14.00 Бетис – Сосиедад
16.00 Виљареал – Еспањол
18.30 Билбао – Селта
21.00 Барселона – Гранада

Табела:

1. Реал Мадрид 43
2. Барселона 40 (-1)
3. Атлетико Мадрид 35 (-1)
4. Севиља 35

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот