Каземиро ја прифати понудата на Манчестер јунајтед

Каземиро со Реал Мадрид освои пет титули во Лигата на шампионите/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Манчестер јунајтед се наоѓа пред трансфер кој пред неколку дена беше незамислив, пред потпис со „црвените ѓаволи“ е Каземиро од Реал Мадрид.

Фудбалерот кој со Реал Мадрид освои пет титули во Лигата на шампионите, изби во прв план откако на менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг му стана јасно дека нема да може да го донесе Френки де Јонг.

Според шпанските медиуми, Каземиро веќе ја известил управата на Реал Мадрид како и тренерот Карло Анчелоти дека сака да се пресели во Манчестер јунајтед за кого треба да потпише четиригодишен договор кој ќе му носи 18 милиони евра по сезона.

Се очекува во наредните денови Манчестер јунајтед да достави и официјална понуда за Каземиро која би требало да изнесува околу 70 милиони евра, сума која би ги задоволила „кралевите“.

Медиумите шпекулираат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нема да му прави проблеми на Бразилецот и ќе му дозволи да се пресели на „Олд трафорд“.

Весникот „Ас“ пишува дека замената за Каземиро во Реал Мадрид би требало да биде Бруно Гимараеш од Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот