Казахстан разви сопствена вакцина против коронавирусот: Третата фаза од испитувања ќе биде готова до јули

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Казахстан почна вакцинација против коронавирусот со сопствената вакцина „КазВак“, која е во трета фаза на клинички испитувања, а денеска во трговските центри каде се врши масовна имунизација, таа беше единствената опција.

Ројтерс пренесува дека речиси милион луѓе од државата со 19 милиони жители, веќе ја примиле руската вакцина „Спутник В“ , која Казахстан ја увезува и произведува во земјата, а државниот здравствен фонд исто така нарача милион дози на кинеската вакцина на „Синофарм“.

Министерот за здравство Алексеј Цои ја прими првата доза од вакцината во директен телевизиски пренос, и најави соработка со Турција за додатно да се развие производството, а исто како „Спутник В“, вакцината „КазВак“ се прима во две дози во интервал од три недели.

„КазВак“ моментално е во фаза 3 од клиничките испитувања, која ќе биде завршена до јули, а сите 222 луѓе кои учествуваа во првите две фази развиле имунитет на ковид-19, без пријавени поголеми несакани ефекти, според Државниот институт за истражување на биолошката безбедност кој ја разви вакцината.

Во „Мега паркот“, еден од главните места за купување во најголемиот казахстански град Алмати, каде се врши и вакцинацијата. „КазВак“ денеска беше единствената достапна опција за имунизација.

Казахстан досега пријави преку 360.000 случаи на ковид-19 и 4.381 смртен случај како последица од оваа болест од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот