Кавгата со Сари му ја запечати судбината, Пјаниќ исфрлен од првиот тим на Јувентус

EPA-EFE/STR

Репрезентативецот на БиХ, Мирален Пјаниќ е исфрлен од првиот тим на „старата дама“ по кавгата со тренерот Маурицио Сари на еден од последните тренинзи, пренесуваат италијанските медиуми. Поради тоа Пјаниќ нема да биде дел од тимот на утрешниот натпревар против Болоња, пишува „Ла Стампа“.

Босанскиот репрезентативец инсистира да си замине од Јувентус и тоа само во Барселона со која ги договори сите детали околу примањата, додека управата на италијанскиот шампион го нуди Пјаниќ како дел од евентуалните размени со ПСЖ и со Челси.

Големата желба да се пресели во Барселона се одрази на неговите настапи како и на залагањето на тренинзите на Јувентус поради што и дојде до кавгата со тренерот Сари.

Сари му рекол на Пјаниќ дека нема да биде дел од првиот тим до крајот на сезоната и предност ќе добие Родриго Бентакур иако екипата е во мртва трка со Лацио за титулата во Серија А додека во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите го очекува дуел со Олимпик Лион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот