Кавани суспендиран на три натпревари поради расизам

Единсон Кавани поради доаѓањето на Кристијано Роналдо има помала минутажа на „Олд Трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Единсон Кавани ќе ги пропушти наредните три натпревари на својата екипа, поради казната од Фудбалската асоцијација на Англија.

Кавани во ноември го постигна победничкиот гол против Саутемптон, а после мечот на својот „Инстаграм“ профил му се заблагодари на еден пријател на комплиментите со зборовите: „Грасиас негрито“.

ФА го оцени ваквиот коментар како социјално неприфатлив и одлучи да го казни Уругваецот.

Кавани ќе ги пропушти следните три натпревари на својот тим, против Астон Вила (денеска, 21.00 часот), Манчестер сити и Вотфорд, а се очекува да се врати во составот за дербито со Ливерпул.

Покрај трите натпревари суспензија, напаѓачот на Јунајтед ќе треба да плати и 100.000 илјади фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот