Кавадарчанец тешко повреден при експлозија на отпад 

Кавадарчанец бил тешко повреден при експлозија на предмет додека пребарувал во стовариште за отпад. Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во полициската станица Кавадарци, кавадарчанецот З.Ј.(43) пријавил дека, додека пребарувал во стовариштето за отпаден материјал, му експлодирал предмет кој го земал во раката, при што се здобил со тешки телесни повреди на прстите, појасни Додевски. 
     
На повредениот му била укажана помош во болницата во Кавадарци.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот