Кавадарчанец со „пасат“ удрил во сопругата која се здобила со тешки телесни повреди

Повредената жена била префрлена во Општа болница Кавадарци, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Денеска во 5.00 часот во Полициска станица Кавадарци, С.Т.(38) од Кавадарци пријавила дека на паркинг на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци била удрена од патничко возило „пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки.

Според информациите, со возилото управувал нејзиниот сопруг  Г.Т.

Повредената жена била префрлена во Општа болница Кавадарци, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот