Кавадарчанец бил нападнат од двајца насилници

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додевски појасни дека инцидентот бил пријавен завчера во 21 часот во Полициската станица Кавадарци, а се случил ден претходно.

Пријавителот има 34 години, а лицата кои ги пријавил дека физички го нападнале, се на 57 и 61 годишна возраст.

Додевски рече дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот