Кавачкиот клан падна и во Словенија: Уапсени соработници на Веља Невоља кои тргувале со дрога и оружје

Во голема акција на словенечката полиција денеска се уапсени десетина припадници на словенечкиот дел од меѓународната криминална група на кавачкиот клан на Веља Невоља.

Според словенечките медиуми, оваа криминална група, која потекнува од Црна Гора, стана позната по ужасните начини на кои ги мачеле, а потоа и ги убивале своите жртви.

Уапсените членови на словенечкиот огранок тргувале со дрога и оружје. Според словенечки Вечер, 60 лица кои се осомничени дека биле дел од оваа криминална организација, која работи и во Србија и низ цела Европа, биле под полициска контрола.

Дрогата и оружјето ги превезувале со специјални автомобили

Полицијата неколку припадници ги поврзува со препродажба на големи количини на оружје, со кои се тргувале низ Словенија, Словачка, Холандија и Србија. Тие продавале полуавтоматски пушки и автоматски пиштоли и тргувале со нив преку компании основани во Копер, кои биле параван за трговија со дрога и оружје, кои ги превезувале со специјално модифицирани автомобили во кои превезувале и дрога и пари. Оружјето што пристигнало во Словенија, како и дрогата, биле складирани ширум провинцијата Горењска.

Полицијата и Специјализираното државно обвинителство на Словенија откриваат дека словенечката мрежа на „кавачкиот клан“ работи од 2018 година, а пред една недела во соработка со безбедносни служби од странство откриле мрежи кои биле добро скриени, пренесува Курир .

Поради интересот на истрагата, полицијата сè уште не ги открила сите детали, но при претресот на куќите пронашла дрога, оружје и пари. Неофицијалните податоци на мариборски „Вечер“ укажуваат на тоа дека словенечкиот огранок на „кавачкиот клан“ превезувал неколку килограми различни видови наркотици неделно од Холандија и Шпанија веќе 3 години.

Притвор за шестмина

Во областа на полициските управи на Љубљана, Крањ, Марибор и Копер, криминалистичката служба на Националното биро за истраги, заедно со полициските специјални единици, извршија претреси во 23 куќи и уапсија неколку лица.

Шестмина се приведени и определен им е притвор. Повеќето од притворените осомничени лица ќе имаат можност да се бранат од слобода, но тоа не важи за шестмината за кои се сомневаат дека биле блиски со врвот на кавачкиот клан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот