Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џорџ Флојд

Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој тој починал од срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судот во Минеаполис одреди кауција од  еден милион американски долари за тројцата полицајци од овој град, кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот.

Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, ќе може да се намали на 750.000 долари, но под одредени услови, вклучувајќи го и губењето на правото за носење на какво било лично оружје, пренесуваат британските медиуми.

Следното рочиште судијата го закажа за 29 јуни.

Откако вчера се појави наодот од обдукцијата на Флојд, според кој тој починал од срцев удар, Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао се обвинети за помагање и поттикнување на убиство од втор степен и убиство од небрежност од втор степен.

Доколку бидат осудени, на тројцата им се закануваат казни од 40 години затвор.

Шoвин, полицаецот кој клечеше врз вратот на Флојд пред да умре, е обвинет за убиство од втор степен и ќе се појави на суд во понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот