Катругалос: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

Јоргос Катругалос /фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

И покрај силењата и најавите од владата се забележува доцнење во работата на комисијата за трговските ознаки и комисијата за учебниците, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос, упатувајќи критики до актуелната грчка влада, jави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците – вели Катругалос.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија додава дека за овие теми доставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи на Грција и од него бара става за „поради неактивност и хипокризија да не се изгуби силата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот