Катругалос: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија не е најидеалниот чекор што го очекувавме, но е позитивен

Јоргос Катругалос /фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Фактот дека дискусијата во ЕУ за Северна Македонија ќе започне од октомври можеби не е најидеалниот чекор што го очекувавме, но е позитивен, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за „Јуроњуз” на грчки јазик.

Шефот на грчката дипломатја додава дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ и тоа каква порака се испраќа до земјите кандидати за членство во Унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

„Многу пати имам нагласено дека е прашање на кредибилитетот на Европската унија да одговори на сите овие важни чекори преземени од Северна Македонија. Бидејќи, каква порака испраќаме до сите земји кои сакаат да се интегрираат во ЕУ, спроведуваат многу тешки внатрешни реформи за да се прилагодат на европското законодавство, а од друга страна се обидуваат на најдобар можен начин да ги решат соседските прашања, како што направи Северна Македонија? Сепак, сметам дека фактот што дискусијата ќе започне од октомври е еден прв чекор. Можеби не е најидеалното што го очекувавме, но е позитивен чекор“, вели Катругалос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот