Катругалос: Очекував подоследен став од Европа за Северна Македонија

Очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон Северна Македонија, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон”, коментирајќи ги одлуките на Советот на министри на ЕУ за нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Постои општа опасност за кредибилитетот на ЕУ ако остави впечаток дека не ги исполнува нејзините обврски кон земји како што е Северна Македонија кои целосно ги исполнија нивните. Од овие причини, очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон оваа земја. Но, и вака, отворен е патот за отпочнување преговори од октомври, вели Катругалос.

Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, шефот на грчката дипломатија вели дека е позитивно тоа што Нова демократија го прифаќа Договорот од Преспа и додава дека е важно тоа што во заклучоците на Совет за општи работи вклучено е и спроведувањето на Договорот.

-Официјалното прифаќање на Договорот од раководството на Нова демократија и покрај тоа што постојат несогласувања од крајно десничарското крило, јасно е дека е позитивна разврска. Но, постои уште една поважна разврска: неодамнешната одлука на Совет за општи работи, надлежното тело на ЕУ за проширувањето, јасно и по прв пат го поврзува лојалното спроведување на Договорот од Преспа со интегративната перспектива на соседната земја. Ова е основна гаранција, Северна Македонија никогаш повеќе да не се врати на националистичките политики од минатото, па дури, иако мислам дека не е можно, да има каква било промена на власта, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот