Катругалос: Да се активира Советот за соработка на високо ниво со Северна Македонија

Фото: Принтскрин

 Потребата Грција да ги промовира одредбите од Договорот од Преспа, но и да го активира Советот за соработка на високо ниво со Северна Македонија, ја истакна одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

По средбата со шефот на грчката дипломатија во рамките на контактите на Денедиас со претставниците на политичките партии за теми од надворешната политика, Катругалос се осврна и на односите со нашата земја.

Рече дека иако тоа било прашање за кое не разговарале детално со Дендиас, сепак порача дека сè уште чекаат да бидат донесени за ратификација во Парламентот меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, но и дека треба да се одржи втората владина седница меѓу двете земји.

-Ќе треба повеќе да ја нагласиме потребата Грција да биде факторот што ја промовира европската перспектива на Западен Балкан. Да ги промовираме сите одделни одредби од Договорот од Преспа, особено оние што ги промовираат нашите интереси и да го активираме Советот за соработка на високо ниво со оваа земја, рече Катругалос по средбата со Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот