Католички бискуп кој доби Нобелова награда сексуално злоставувал момчиња во Источен Тимор

Бискупот Хименез Бело држи миса во Португалија во 1999 година / фото: EPA PHOTO LUSA/ANTONIO COTRIM/ma/kr

Ватикан денеска потврди дека бискупот Карлос Хименез Бело, добитник на Нобеловата награда за мир, е под „дисциплински санкции“ во последните две години поради наводно сексуално злоставување на момчиња во Источен Тимор во 90-тите години на минатиот век.

Портпаролот на Ватикан во соопштение наведе дека канцеларијата која се занимава со случаи на сексуална злоупотреба добила обвинувања „за однесувањето на бискупот“ во 2019 година и дека вовела санкции во рок од една година, пренесува Бета.

Санкциите вклучуваат ограничувања на движење и извршување на должностите, а му се забранува контакт со малолетници или контакт со Источен Тимор.

Во соопштението за печатот на портпаролот Матео Бруни се наведува дека мерките биле „изменети и зајакнати“ во ноември 2021 година и дека Бело формално ја прифатил казната во двата наврати.

Бело ја доби Нобеловата награда за мир во 1996 година заедно со борецот за независност на Источен Тимор, Хозе Рамос-Хорта, за кампања за праведно и мирно решавање на конфликтот во таа земја, додека се бореше да добие независност од Индонезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот