Католичката црква исплатила 7,3 милиони долари за над 70 лица злоставувани од свештеници во Колорадо

фото Архива

Католичката црква исплатила 7,3 милиони долари за повеќе од 70 лица кои во младоста биле сексуално злоупотребени од свештеници во католичките парохии во Колорадо, било соопштено во вторникот.

Со тој потег црквата ги подмири барањата на жртвите кои потекнуваат и повеќе од две декади, а истрагата траела 22 месеци.

Минатата година истражителите откриле 46 нови случаи и идентификувале уште девет свештеници кои не биле наведени во почетниот извештај.

Во преглед на настаните во сите три бискупии во Колорадо, уште до 1950-тите години, државното обвинителство документирало вкупно 212 случаи на злоставување во кои учествувале 52 свештеници. Се наведува и дека 71 жртва примиле готовински исплати па после 1999 година не се утврдени веродостојни случаи на злоставување.

Американската католичка црква има платено околу 3,2 милијарди долари за решавање на случаите за злоставување, наведува „BishopAccountability.org“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот