Катимерини: Вооружените сили на Грција се на „готовс“!

Грчкиот весник Катимерини објави дека вооружени сили се во состојба на подготвеност поради продолжување на можен турски „провокативен” настап во источниот Медитеран.

Весникот вели дека и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење за нафта и за гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во режим на подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран.

Катимерини додава дека клучното прашање во Атина е како да се реагира доколку Турција спроведе истражување, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

– Плановите се првенствено засновани на маневрите на грчката морнарица, бидејќи Турција ги користи истражувачките бродови за да го одреди своето присуство во регионот, но грчката авијација ќе игра улога во секој одговор – нагласува грчкиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот