Катица Јанева со полициска придружба на погребот на нејзиниот татко

Фото: Драган Митрески

Почина и таткото на Катица Јанева, а поранешната специјална обвинителка со полициска придружба денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија, пренесе Фактор.мк.

Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.

Инаку татко на Јанева беше Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

Јанева в четврток ја очекува пресудата за случајот „Рекет“ како првообвинета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот