Катица Јанева имала и втор телефон, ама го изгубила во Белград

обвинителство ојо

Јавната обвинителка Вилма Рускоска која го води случајот „Рекет“ во интервју за Сител вели дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен. Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон кој го имала Јанева и е изгубен во Белград.

Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека веќе има 25 години стаж во обвинителството и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот