Катица Јанева фатена дека не оди на работа, нема да може да го користи правото на т.н. делумна слобода

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева повеќе нема да може да го користи правото на т.н. делумна слобода.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена, а  Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

– Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара, но со оглед дека го прекршила, веќе нема да ѝ биде дозволено – потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата, Александар Пандов.

Катица Јанева се вработи кај син ѝ, секој ден излегува од „Идризово“ па се враќа

Катица Јанева беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од седум години беше преместена во „Идризово“, а ваквата привилегија Јанева ја добива откако одлежа речиси пет години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот