Катастрофалното второ полувреме ги остави Хрватите без четвртфинале

epa08965260 Denmark's Lasse B. Andersson (C) in action during the Main Round match between Denmark and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 25 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Ракометната репрезентација на Хрватска не успеа да го искористи подарокот од Катар кој ја совлада Аргентина и им овозможи на „коцкестите“ сами да одлучуваат за својата судбина. На крајот, Хрватска доживеа катастрофален пораз од 38:26 од Данска и остана без четвртфинале во кое ќе игра Катар.
Првото полувреме помина во израмнета игра во која најголемата предност изнесуваше два гола и тоа за Данска која на одмор замина со 17:15.
Второто полувреме започна катастрофално за Хрватска, дури осум минути не успеа да најде начин да го совлада голманот Мелер, а за тоа време Данците постигнаа шест гола и ги решија дилемите околу победникот. Хрватите до крајот на натпреварот одиграа катастрофално, постигнаа само четири гола за 20. минути, а вкупно 26 гола на целиот натпревар, додека противникот им ја наполни мрежата давајќи 38 гола.
Најпрецизен во редовите на Данска беше Јакобсен со осум гола, шест даде Холм, а пет Нилсен, додека кај Хрватска Мариќ постигна шест гола, а поранешниот вардарец Игор Карачиќ даде пет гола.

Во последниот натпревар од главната фаза кој немаше натпреварувачки карактер, Полска и Германија одиграа без победник 23:23.
Натпреварите на Мундијалот продолжуваат в среда кога се играат четвртфиналните натпревари и во нив се среќаваат Данска – Египет, Шпанија – Норвешка, Франција – Унгарија и Шведска – Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот