Катастрофални услови и никаква хигиена во мртовечницата во охридската болница „Св. Еразмо“ (ФОТО)

Фото: Фејсбук

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид,  на кои може да се забележат катастрофалните услови кои преовладуваат таму.

Еден револтиран граѓанин на социјалните мрежи објави фотографии од мртовечницата од оваа болница и упати апел до институциите да преземат нешто во врска со оваа ситуација.

„Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и сместувањето на телото на починатиот пациент. Ова е чист пример за тоа колку трула, скапана и ужасна држава сме и во која состојба ни е нефункционалното и ужасното здравство.
На видеото и на сликите е телото на мојата мајка која почина после само 38 часа од префрлањето во “специјализираната” болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид, која ми изгледаше по се како воопшто не специјализирана и ме потсетуваше како болница од некое село заглавена во 70тите. Мојата мајка Љубица Мишева Јованоска доживеа мозочен удар на 6ти мај оваа година и беа изведени две операции на мозок во државна болница во Скопје на клиниката за неврохирургија, после два месеца беше префрлена во пародијата од болница во Кавадарци, од каде беше бркана две недели додека претстојуваше таму и цело време бевме во конфликт со мороните од доктори и сестри од нервно да сме ја носеле дома или во дом не приморуваа, за на крај едвај да биде примена во Свети Еразмо – примањето беше припратено со половина час ужасна галама(не била за кај нив, тежок случај била, рани имала, а немаше), одбивност, ароганција од неколку од сестри, еден кловн доктор (Јоне Мицевски) и сето тоа пред очите на мојата мајка која беше свесна, во тешка состобја и чекаше околу три часа во ходникот на болницата за на крај да биде примена на оделение. Од кога беше примена мојата мајка на одделение во Свети Еразмо, почина после само 38 часа што ме наведува да мислам дека се ослободиле од неа. Од кога ме известија телефонски дека починала и кога дојдов не добив подетален одговор кои се причините за смртта освен што секој еден што го прашав ми рече ТЕЖОК СЛУЧАЈ БЕШЕ, што пак ме наведува дека се ослободиле од неа или дека направиле грешка со терапијата.
Еве до кој степен ни е стигнато нефункционалното и ужасно здравство.
Сакам да им се заблагодарам на доктор Роберт Шумковски и неговиот тим од клиниката за неврохирургија на државна болница во Скопје и анестезиолозите Васко Демјански и Александар Димитровски кои ја водеа мојата мајка додека претстојуваше во пародијата од болница во Кавадарци, кои ги праќаат од Скопје бидејќи во Кавадарци немаат анестезиолог. Луѓето се врвни професионалци и големи стручњаци во својата област.
Сите знаеме колку ни е труло и неефикасно здравството, не би му посакал на никој да го осети на своја кожа.
ЈАС ЌЕ ЈА ИСКОРИСТАМ СЕКОЈА ПРИЛИКА И МОЖНОСТ ЗА ДА ЈА НАПУШТАМ ОВАА ПАРОДИЈА ОД ДРЖАВА“, пишува револтираниот граѓанин на Фејсбук.

Ова е таканаречената мртовечница во болницата Свети Еразмо во Охрид. Погледнете ги само условите, хигиената и…

Publiée par Ivica Jovanoski sur Vendredi 26 juillet 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот