Катастрофа снимена со камера: Се покрена свлечиште, работниците бегаа, над 160 жртви (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Во свлечиште во Мјанмар загинаа најмалку 160 луѓе.
Спасувачите ги пронајдоа телата на настраданите и работат на пронаоѓање на преживеани кои ги покри „бран од кал“ предизвикан од лизгање на земјиштето до кое дошло поради обилните дождови.
Смртоносните свлечишта се чести во Хпакант регион во мјанмарската држава Качин, на северот од земјата, во која се одвиваат слабо регулирани рударски активности.
Во една таква катастрофа во 2015 година загинаа 116 луѓе.
Многу работници, мигранти, се обидуваат да заработат за живот во Хпакант, пребарувајќи ги одромните купипта отфрлени рударски јами со надеж дека ќе најдат заостанати парчиња жад.