Катастарот ќе управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви

Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги прибира од терен, за што ангажираше фирма која ќе ги собира информациите.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со Законот за катастар на недвижности доби надлежности да воспостави и управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви. Регистарот кој ќе прерасне во Адресен регистер за целата територија на државата, ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, прибрани од терен, поединечно по населено место.

Описните податоци се ажурираат со теренското прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги прибира од терен, за што ангажираше фирма која ќе ги собира информациите од долунаведените подрачја (претходно беше направен пилот проект, а по него беа опфатени други десетина места).

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите од следните населени места, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите:

1. ЛОЗОВО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
2. ГРАДСКО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
3. НЕГОТИНО – од 20.1.2020 год. до 19.2.2020 год.
4. КИЧЕВО – од 22.1.2020 год. до 19.3.2020 год.
5. КУМАНОВО – од 28.1.2020 год. до 13.4.2020 год.
6. БИТОЛА – од 24.2.2020 год. до 04.5.2020 год.
7. ЦЕНТАР ЖУПА – од 20.3.2020 год. до 26.3.2020 год.
8. ДЕБАР – од 26.3.2020 год. до 10.4.2020 год.
9. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – од 14.4.2020 год. до 28.4.2020 год.
10. КОЧАНИ – од 28.1.2020 год. до 2.3.2020 год.
11. ГОСТИВАР – од 10.2.2020 год. до 02.4.2020 год.

Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.

Од востановениот Адресен регистер придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот