Катар играше за Хрватска, Шпанците ја растурија Унгарија

epa08965019 Qatar's Mahmoud Hassaballa (L) in action during the Main Round match between Argentina and Qatar at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 25 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Селекцијата на Катар ја совлада Аргентина со 26:25 во последното коло од групата 2 во главнатра рунда ѝ и дадоа шанса на Хрватска сама да се избори за пласман во четвртфиналето.

За да се најде меѓу осумте најдобри репрезентации Хрватска мора да го совлада лидерот во групата и актуелен светски шампион, Данска која нема никаков императив во вечерашниот дуел.
Во случај да загуби Хрватска ќе испадне од СП, а пласман во четвртфиналето ќе обезбеди Катар. Аргентина која претходно успеа да направи големо изненадување со триумфот над „коцкестите“, имаше историска шанса против Катар.

„Гаучосите“ одлично го започнаа натпреварот, имаа предност од 11:4, во второто полувреме во 38. минута водеа со 19:15, но на крајот не успеаја да слават поради фантастичната игра на Катар во последните 20 минути.
Франкис со осум, Мадади и Капоте со по шест гола беа најдобри кај Катар, додека Писаро даде седум гола за Аргентина.

Во дербито на групата 1, Шпанија со 36:28 ја совлада Унгарија и го обезбеди првото место во групата, додека нивниот противник остана на втората позиција.
Најдобар во шпанската селекција беше Гомес со седум гола, додека Ѓери и Балог дадоа по пет за Унгарија. Овој натпревар го судеше најдобрата македонска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот