Катар донира 4,5 милиони долари за Палестинците
Катарската Црвена полумесечина и Агенција на ОН за палестински бегалци (УНРВА) потпишаа договор вреден 4,5 милиони долари од Катарскиот државен развоен фонд за помош на повеќе од 4.400 палестински работници и пациенти лоцирани на Западниот Брег.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долго време бара распуштање на УНРВА, обвинувајќи ја за антиизраелско однесување.
Неколку земји го суспендираа финансирањето на УНРВА по израелските обвинувања дека некои од вработените во агенцијата биле вмешани во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја предизвика војната во Газа.
Повеќето донатори оттогаш го обновија финансирањето.
За време на конфликтот во Газа загинаа 195 вработени во УНРВА. УНРВА обезбедува образование, здравство и друга помош за милиони Палестинци во Појасот Газа, Западниот Брег, Јордан, Сирија и Либан.
Откако изби војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Газа, претставници на ОН нагласија дека УНРВА е столбот на помошта за цивилното население.