Катанци се редат: Уште една земја воведува карантин
Премиерот Антонио Коста рече дека мерките опфаќаат 121 општина, вклучително и Лисабон и Порто.
Португалската влада го најави новото затворање на поголемиот дел од земјата на 4 ноември и ги повика граѓаните да останат дома освен за работа, училиште или шопинг.
Премиерот Антонио Коста рече дека мерките опфаќаат 121 општина, вклучувајќи ги Лисабон и Порто.
Околу 70 проценти од населението од скоро 10 милиони Португалци живее во најпогодените области во земјата.
Австриската Влада вечерва исто така одлучи да спроведе „заклучување” по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Вонредната состојба во Шпанија ќе остане во сила до 9 мај.
Шпанскиот Парламент пред два дена гласаше за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште шест месеци, што ќе им даде на локалните власти дополнителни овластувања за контрола на вториот бран на епидемијата на коронавирусот.
ФОТО+ВИДЕО: Врие низ улиците на Шпанија, повредени 29 полицајци
Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва најави нови ограничувачки мерки, кои вклучуваат ново „заклучување” на Англија на еден месец, до 2 декември, соопшти политичкиот уредник на ИТВ, Роберт Пестон.