Трката за шампионската титула во Ла Лига заврши лошо за Барселона бидејќи триумфира нивниот најголем ривал Реал Мадрид.
„Кралевите“ во продолжението од сезоната не загубија ниту еден бод, додека Барселона имаше неколку разочарувачки резултати со што сама му ја предаде титулата на големиот ривал.
Но, каталонските медиуми имаат поинакво мислење, спортскиот весник „Спорт“ на насловната страница ја пренесе веста за успехот на Реал Мадрид со коментар:
„Реал е шампион на ВАР“.
Во весникот сметаат дека Реал Мадрид до титулата дојде благодарение на ВАР технологијата која дури во три натпревари му додели пенал на „кралскиот“ клуб, а сите три средби завршија си идентичен резултат 1:0.
Критиките на „Спорт“ кон ВАР технологијата и за натпреварот на Реал против Реал Сосиедад кога на гостинскиот тим му беше поништен чист гол по интервенцијата од ВАР собата.
ВАР исто така остана нем и кога Серхио Рамос го нагази противничкиот фудбалер во сопствениот шеснаесетник на дуелот со Атлетик Билбао, иако неколку минути претходно за идентична ситуација беше досуден пенал за Реал Мадрид.